Турската војска и нејзините сириски сојузници ги опколија Африн, 90 села и уште еден близок град, соопшти сириската Опсерваторија за следење на човековите права.
Опсерваторијата со тоа го потврди соопштението на турската војска дека го опколила ова подрачје, пренесе агенцијата Ројтерс.
Единствениот пат што води надвор од тоа подрачје е под турска стрелба и поради тоа е неупотреблив, кажа директорот на Опсерваторијата, Рами Абдулрахман.
– Под опсада сега се наоѓаат околу 700.000 луѓе – рече Абдулрахман.
Турската војска во јануари ја почна офанзивата на сирискиот регион Африн, кој се наоѓа под контрола на сириските Курди, а кои Анкара ги смета за терористи поврзани со турските бунтовници Курди.
Фото: EPA/STR