Северноирски политичар: Договорот за Брегзит може да го подели Обединетото Кралство

110

Договорот за Брегзит, кој го предлага британската премиерка Тереза Меј, потенцијално може да доведе до распад на Обединеното кралство, бидејќи сугерира различен став кон Северна Ирска. Тоа го изјави денеска пратеникот од Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, Џефри Доналдсон.

Тој е еден од десетте пратеници, кои го обезбедуваат парламентарното мнозинство на Владата на Меј.

Доналдсон вели дека не се плаши од нови избори, ако гласањето за договорот на Меј во Парламентот доведе до таква неопходност.

-Тоа што го видовме и чувме, не нè убедува дека тоа е најдобриот договор – вели тој.

-Тој договор потенцијално може да доведе до распаѓање на Обединетото кралство, а ние не можемe да го поддржиме тоа – изјави тој.

На седницата на британската Влада денеска ќе се дискутира за нацрт-договорот меѓу Лондон и ЕУ. Најмногу контроверзии предизвика прашањето за границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство. Ирските унионисти одамна велат дека нема да прифатат на таа граница да има царински режим различен од останатиот дел од кралството. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...