Италијанската Влада имаше до вчера да го измени нацрт-буџетот за да го усогласи во правилата на ЕУ, но тој останува ист.
Владата во Рим денеска презентираше идентичен буџет на претходниот, иако Брисел го нарече „девијација без преседан“ од правилата.
Дефицитот останува на 2,4 отсто од БДП, иако министерот за финансии на Италија, Џовани Триа, уверува дека таа бројка претставува „граница што нема да се премине“. Владата во Италија уште еднаш побара флексибилност од страна на Европската Комисија, меѓу другото и поради уривањето на мостот во Џенова.
Владата смета дека овој буџет ќе овозможи економски раст, што потоа ќе доведе до намалување на огромниот италијански долг и дефицит. Рим има втор најголем долг во ЕУ после Грција.
Со ова Италија свесно се изложува на санкции од страна на Европската Комисија, иако многумина веруваат дека тие санкции нема да се применат, меѓу другото поради политичката чувствителност на темата непосредно пред европските избори.
Иако и ЕУ и Рим остануваат на своите ставови, двете страни изразуваат волја за дијалог