Раскошниот 19-каратен розов дијамант наречен „Розово наследство” синоќа беше продаден за над 50 милиони евра на аукција на Кристи’с во Женева. Ова е нов светски рекорд на цена од карат за розов скапоценен камен.
Дијамантот е откриен пред околу еден век во Јужна Африка и се смета дека има најчист хемиски состав – сметаат стручните лица. Има правоаголен облик и првично им припаѓал на семејството Опенхајмер, сопственик на рударската компанија Де Берс.
Тој вчера е купен од американската фирма за накит „Хари Винстон” која е во сопственост на швајцарската компанија за часовници „Своч”, а наддавањето траело 10 минути со учество на четворица кандидати за купување.
Скапоцениот камен чија цена на наддавањето се движеше меѓу 30 и 50 милиони долари, веднаш беше преименуван од новио купувач. Новото име гласи: „Розово наследство Винстон”.
– Два милиони и шестотини илјади долари за карат е светски рекорд за розов дијамант. За мене, тој камен е „Леонардо да Винчи“ меѓу дијамантите – изјави претставникот на Кристи’с за Европа, Франсоа Куриел.