Пејачот Дарко Лазиќ ја доживеал најголемата криза во болницата од 23 октомври, кога имаше тешка сообраќајна несреќа. Тој урлал на интензивна нега и се заканувал дека ќе си го одземе животот ако не му донесат кокаин.
Поради криците, ги вознемирил останатите пациенти, па болничкиот персонал бил принуден да го изолира.
– Дотрча еден од четворицата чувари кои го чуваат, Лазиќ барал од него дрога или доктор. Кога лекарот стигнал, пејачот го молел за кокаин, а кога видел дека нема да добие, направи хаос. Беше језиво, посебно кога почна да вика „Дајте ми дрога, ќе се убијам ако не ми дадете! Подобро да не се разбудев од кома, никогаш немаше да го чувствувам ова. Дајте ми нешто да ме успиете, не можам да издржам“ – рекол извор од болницата и додал дека следниот ден бил повикан психијатар за да разговара со него.
Родителите на Лазиќ дури сега сфатиле дека тој навистина е зависник. Иако прво се мислело дека медиумите го преувеличуваат проблемот на Лазиќ, сега им станало јасно дека не е така.
Неговата мајка била очајна и плачела секој ден.
Ана Савиќ и кажала на ќерката дека татко и е на пат
Секој ден, кога девојчето барало да зборува со својот татко, Ана кажувала дека тој е на пат или спие.
– Кога Лорена ќе посака да го слушне пред спиење, Ана ќе се прави дека го врти неговиот број на мобилниот, а потоа ќе рече дека татко и е недостапен поради тоа што е во странство или веќе заспал. Откако Лорена ќе се успие, Ана оди во другата соба и плаче – изјавила блиска пријателка на пејачката.
Извор: српски „Курир“
ФОТО: Дамир Дервишагиќ / српски „Курир“