Трамп го именува Џон Абизејд за амбасадор во Саудиска Арабија

Ако биде одобрен од Сенатот, Абизејд ќе го преземе амбасадорското место во Ријад во момент кога владата на Трамп размислува како да реагира за убиството на Хашоги, пишува „Вашингтон пост“.

44
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Претседателот Доналд Трамп го номинира за американски амбасадор во Саудиска Арабија генералот од резерва Џон Абизејд, поранешен командант на Централната команда на САД.

Местото е испразнето од јануари 2017 година.

Трамп го објави изборот за амбасадор во време кога односите меѓу САД и Саудиска Арабија се ставени на испит по убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги  во саудискиот конзулат во Истанбул.

Ако биде одобрен од Сенатот, Абизејд ќе го преземе амбасадорското место во Ријад во момент кога владата на Трамп размислува како да реагира за убиството на Хашоги, пишува „Вашингтон пост“.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...