Решавање на клучните проблеми на бизнисите: недостиг на работна сила, намалување на администрацијата и подобрување на нејзината ефикасност, инвестиции во капитални проекти кои ќе покажат дека државниот буџет е повеќе развоен како и реформи во земјоделскиот сектор, побараа денеска бизнисмените членови на Стопанската комора на втората буџетска конференција на која се разгледуваа проекциите на буџетот за следната година.
На конференцијата присуствуваа премиерот Заоран Заев, министерот за финасии Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Бизнисмените дадоа поддршка на прекциите на буџетот за следната година и побараа 2019 година да биде година на посветеност на Владата на економијата во што добија ветување и од премиерот Зоран Заев дека и тој лично ќе се посвети на економијата.
– Сакаме да партиципираме за побрз раст на економијата и му даваме поддршка на буџетот кој може да речеме е почеток на она што го бараме да биде повеќе развоен. Очекуваме да нема нови парламентарни избори кои не попречуваат во работата. Да дојде до стабилизирање на растот и да постигнеме пораст на економијата како во опкружувањето од четири отсто. Ќе внимаваме и на развојната компонента на буџетот и веруваме дека нема да има пречки за реализирање на капиталните инвестиции – рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на отворањето на конференцијата.
Најголем проблем за бизнисот, како што рекоа бизнисмените, е проблемот на недостиг на соодветно остручена и образована работна сила.
Николајчо Николов рече дека анализите што ги праврел рудникот „Бучим“ на понудата на кадарот во регионот покажала оти моментално најмногу има необразован кадар кој може да се преквалификува за потребите на бизнисите.
– Практиката, меѓутоа покажа дека ние бизнисмените повеќе работиме на почитување на законите отколлку доброволно да реализираме некој проект кој се спроведува и затоа е најдобро и преквалификацијата и доквалификацијата да се стави како законска обврска – рече тој.
Митко Кочовски, пак, се осврна на негативната преквалификација која е тренд во земјава.
– Сега имаме птренд на негативна преквалификација која ја прават одделни приватни академии и за околу 2.000 евра преквалификуваат заварувачи во менаџери кои не му се потребни на стопанството- рече Кочовски.
Тој побара радикални реформи во образованието.
Во однос на прашањето на невработеноsта и кадарот кој го бара стопанството, Глигор Бишев рече дека владата треба да најде одговор на прашањето зошто не функционира пазарот на трудот.
Бизнисменот Јован Дабевски, пак, очекува владата да биде похрабра во спроведување на реформите во земјодлеството кое, како што рече, може да биде еден од носечките сектори на растот на економијата.
– Дозволете приватниот капитал да влезе во емјоделството. Потребно е да се приватизира што поголем дел од земјоделското земјиште за да не останат толкави површини необработени -рече Дабески.
Премиерот Зоран Заев како одговорн на барањата на бизнисмените рече дека веќе се работи на реформата на средното образование кое ќе функционира според моделот дуално образование и побара бизнисмените да се вклучат во процесот.
Во однос на нефункционирањето на пазарот на трудот тој рече дека политичките партии се тие кои го закрчиле пазарот на трудот со тоа што овозможуваат да се вработуваат партиски членови.
Заев информира дека во Владата интензивно се размислува за земјодлеството и реформата во тој сектор дали земјодлеското земјиште во државна сопственост да се продава или да се дава под концесија.
Министерот за финансии Тевдовски пред бизнисмените ги претстави контурите на буџетот за следната година. При тоа рече дека Буџетот за идната година да биде 3,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит да изнесува 288 милиони евра. Буџетот е проектиран на раст на економијата од 3,7 отсто и се базира на две реформи во даночниот и пензискиотсистем
Тевдовски рече и дека инвестициите е планирано да изнесуваат 418 милиони евра, а ќе продолжи и неселкетивното враќање на ДДВ..
Во Буџетот се планирани и повисоки плати во здравството образованието и социјалата но се планирани и повеќе средства за поддршка на економијата.