Речиси 100 лица се ослободени од фарма во близина на украинскиот град Одеса, кои биле користени за робовски труд, соопшти денеска полицијата и украинското Обвинителство.
Жртвите биле регрутирани од железничките станици низ целата земја, јави ДПА. Многумина од нив работеле по 13 часа на ден без да да добијат плата со години. Ним им била ветена дневна плата во вредност од околу 16 долари, плус бесплатна храна и сместување.
Полицијата информира дека лицата кои незаконски ги држеле прво ги дрогирале за да изгубат светс, а потоа им ги краделе документите.олицијата стана свесна за модерното ропство за време на обидот за регрутирање во Киев. Полицијата го откри случајот при регрутирање на железничка станица.
Повеќе од десетина луѓе се уапсени. Ако бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна во траење од 15 години.
Во акцијата се запленети и 30.000 долари, автомобили и оружје.