Европскиот парламент одби да расправа за убиениот албански Грк

73

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати соопшти дека Европскиот парламент не го прифатил барањето на кипарската европратеничка Елени Теохару да се расправа за случајот „Кацифас“ и третирањето на грчкото малцинство во Албанија.

-Европратеничката Теохару, која е прогласена за персона нон-грата побара по прашањето за грчкото малцинство во Албанија да распарава Европскиот парламент, но европратениците гласаа против. Не станува збор за навреда на нашата влада, туку во овој случај станува збор за повреда на државните интереси, изјави Бушати.

Теохару, која е известувач во сенка во преговорите за прием на Албанија во Европската унија е меѓу 52 грчки државјани кои Албанија ги прогласи за непожелни личности, со забрана за влез во земјата во период од пет години. Таква одлука е донесена поради „неприфатливата, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот на Константинос Кацифас, албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, убиен во престрелка со албанската полиција во селото Буларат, кај Ѓирокастро.

Според шефот на албанската дипломатија, списокот на непожелни личности не е конечен, а за инцидентот во Буларат се работи во два правца.

-Делуваме во два правца. Првиот е дипломатски, а вториот законски. Списокот на непожелни личности не е конечен. Грчката Влада даде умерена изјава. Очекуваме уште појасен став и дистанцирање од иредентистичките повици, истакна Бушати.

Тој го смета за разочарувачки молкот од официјална Атина и грчката јавност во врска со „чинот на пукање врз албанската полиција“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...