Се појавил нов концепт наречен „панпсихизам“, кој кажува дека универзумот е свесен, што може да смени сѐ.
Веќе долго време научниците се обидуваат да дознаат повеќе за универзумот, како настанал, зошто сме ние тука. Идеите на Грегори Матлоф се шокирачки, најблаго речено.
Според него, физичар во колеџ во Њујорк за технологија, во негова публикација вели дека луѓето можат да бидат како остатокот од универзумот, во супстанца и во дух.
Со појасни зборови, целиот космос би можел да биде самосвесен.
Уште еден поддржувач на панпсихизмот е и Кристоф Коч. Тој смета дека биолошките организми се свесни бидејќи кога ќе се соочат со нова ситуација, тие се способни да го сменат однесувањето со цел да блокираат лоша ситуација. Поради ова, тој ќе се обиде да види дали ќе може да го измери нивото на свесноста.
За да го докаже тоа, тој ќе се обиде да направи неколку експерименти, вклучувајќи еден во кој со жица ќе поврзе два мозока на глувци за да види дали информацијата ќе протече помеѓу двата како што би направил споен интегриран систем.
Панпсихизмот е сѐ уште во експериментална фаза. Ако научниците ја докажат оваа теорија, можеби ќе го сменат светот на науката од корен.