Словенечкиот премиер побара оставка од министер поради мешање во изборниот процес

126
ФОТО: МИА

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска побара оставка од министерот за развој и кохезивна политика Марко Бандели, поради неговата „непримерна“ комуникација пред локалните избори во земјата.

– Доколку Бандели сам не поднесе оставка, тогаш утре во Парламентот премиерот ќе побара негова смена, соопшти Кабинетот на претседателот на Владата, откако Шарец имаше кратка средба со Бандели и побара од него објаснување за случајот кој предизвика скандал во словенечката јавност последните неколку недели.

Медиумите пренесоа електронска комуникација во која Бандели го наговара Ерик Модич, еден од кандидатите за градоначалник на малата општина Комен, да се откаже од кандидатурата, бидејќи во спротивно општината би можела да остане без потенцијалните средства од европскиот кохезивен фонд и испланираните средства за инфраструктура. За тие пари му посочил дека одлучуваат тој и министерката за инфраструктура Аленка Братушек.

Откако медиумите ја објавија неговата порака, тој изрази жалење, но сепак се бранеше со својот „брз темперамент“ и фактот дека во таа општина некогаш и тој бил на важна позиција, односно дека станува збор за „пријателско“ допишување по пат на електронска пошта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...