Брижит со компири ги гостеше сопругите на светските лидери

226

Додека Емануел Макрон беше на свечен ручек со светските лидери, по повод 100 години примирје од Првата светска војна, тоа го направи и неговата сопруга Брижит, но со сопругите.

Емануел Макрон го одржа свечениот ручек во Елисејската палата, а Брижит со првите дами и сопруги на политичари замина во дворецот Версај. Таму била и Меланија Трамп.

И на двете места се послужило исто мени, пилешко со компири, од чистите француски региони каде што има фарми, со три вида вино, бело бургунди за предјадењето, црно бордо со главното јадење и шампањ со десертот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...