Цел Холивуд славеше со Лео

800

Голем број славни и богати луѓе се собраа во петокот на прославата на 44-тиот роденден на холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо.

Гала-забавата, како што бележи магазинот „Пипл“, се одржала во „Спринг палас“, приватен клуб во Лос Анџелес.

Меѓу гостите на роденденот на Дикаприо биле и Џенифер Анистон, Џеј Зи, Бијонсе, Рита Ора. Парот Бијонсе и Џеј Зи седеле во близина на подиумот, додека на забавата се пуштале нивни хитови.

На роденденската забава се појавила и Гвинет Палтроу со нејзиниот сопруг Бред Фалчак.

Во текот на ноќта, според извори на „Пипл“, можело да се види како Леонардо Дикаприо се забавува и се шегува со пријателите. Четириесет и четвртиот роденден, со Дикаприо го прославил и неговиот долгогодишен другар Тоби Мегваер.

– Дикаприо знае како да направи забава – коментираат светските таблоиди, додавајќи дека на роденденот на оскаровецот имало околу 500 гости.

Викендот по роденденот, Леонардо Дикаприо го поминал заблагодарувајќи им се на луѓето што помогнаа во пожарите во Калифорнија, повторно апелирајќи дека огновите избувнуваат поради климатските промени и историските суши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...