Легендарната јакна на Мајкл Џексон продадена за 298.000 долари

164

Црната јакна на Мајкл Џексон, од неговата прва самостојна концерта турнеја „Bad“, на аукција во Њујорк е продадена по трипати повисока цена од очекуваната – 298.000 долари.

Во прашање е јакната што Џексон ја носеше на турнејата од 1987 до 1989 година, а чија вредност е уште поголема ако се има предвид дека кралот на поп-музиката ја потпиша на задниот дел со сребрен маркер.

По црвено-црната јакна од спотот „Трилер“ што во 2011 година беше продадена за 1,8 милиони долари, јакната од „Bad“ е едно од најлегендарните парчиња облека од покојниот музичар.

Јакната ја продаде тексашкиот бизнисмен и филантроп Милтон Верет, заедно со околу 100 други предмети од својата колекција на рокенрол предмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...