Германската владина коалиција, предводена од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, нема да ја преживее следната година, смета лидерот на подмладокот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Кевин Кинерт.
– Следната година е преполна со регионални избори и политички настани што ќе имаат големо влијание. Затоа тешко можам да замислам дека ќе останеме заедно до крајот на годината – изјави Кинерт, чија СПД е помал партнер во владината коалиција на Меркел.
Според Кинерт, СПД внимателно ќе следи што ќе се случува кога во декември Меркел ќе се повлече од позицијата лидер на ЦДУ.
ФОТО: EPA / KIMMO BRANDT