Тачи: Противниците на мирот го попречуваат договорот меѓу Косово и Србија

167

Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека противниците на мирот го попречуваат постигнувањето мировен договор меѓу Косово и Србија, бидејќи се свесни дека еден таков договор ќе ги наруши нивните деструктивни планови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук денеска објави дека на Мировниот форум во Париз побарал поддршка за напорите на двете земји и на Европа „за јакнење на мирот преку дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија“.

– Противниците на мирот знаат дека мировен договор меѓу Косово и Србија би го нарушил нивниот деструктивен план, план кој има за цел да ја скрши Европа, да ги разниша демократските стандарди, да ги измами и да ги подели Европејците и да наметне еден застарен морал, од кој долго страдаа претходните генерации – напиша Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...