Пробни летови на Марс ќе бидат организирани наредната година, тврди најинтригантниот бизнисмен од Силиконската долина, Илон Маск. Основачот на компанијата „Спејс икс“ наведува дека неговата компанија веќе наредната година би можела да организира пробни летови со вселенскиот брод.
– Постои можност да се случи „уште една мрачна доба“, особено ако избие Трета светска војна – рекол Маск.
Како што додава, неговата намера е да се увери дека постои таква можност да се зачува цивилизацијата и да се врати назад, а можеби и да се скрати „мрачната доба“.
– Мислам дека базите на Марс и на Месечината, кои би можеле да помогнат во обновувањето на животот на Земјата, навистина би биле важни – истакнал тој.
Како што понатаму наведува, Маск смета дека вселенскиот брод би можел да врши „кратки летови“ најверојатно веќе во првата половина на наредната година.
Маск ја лансираше ракетата „фалкон хеви“ минатиот месец, најсилната што постои во моментот, а која во вселената го пратила автомобилот „тесла рудстер“ со боја на вишна.
ФОТО: EPA/NASA/BILL INGALLS HANDOUT