Убиени 37 полицајци во бунтовнички напад во Авганистан

45

Најмалку 37 полицајци беа убиени од талибански бунтовници во авганистанската провинција Фарах.

Талибанците синоќа нападнаа село во округот Хак-е-Сафид, контролиран од владините сили. Во тој округ, борбите продлжуваат. Во селото има контингент од 200 полицајци.

– Освен 37 убиени полицајци, над 150 полицајци се водат како исчезнати од почетокот на нападот – изјави Абдул Самас Салехи, член на провинцискиот совет на Фарах.

Талибанците запалија куќи во селото. Тие нападнаа две или три полициски места во областа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...