Тито заменет со албанското знаме

754
ФОТО: МИА

Натписот „ТИТО“ беше отстранет еден ден по акцијата на младите од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, кои го обновија во саботата.

Поради случката, вчера попладне имаше зголемено присуство на полицијата во општината Тузи, пишува порталот „малесиа.орг“.

Се наведува дека полицијата ги легитимирала граѓаните, а на порталот е објавена фотографија од албанско знаме на врвот Дечиќ.

– Денеска претставници на втората младина на Малесија испратија јасна порака со албанското знаме дека овде нема место за имиња на диктаторите. Полицијата вчера не реагираше, но денеска да – објави порталот на албански јазик.

Претставникот на Демократскиот сојуз, Иван Иванај на Фејсбук напишал дека обновувањето на натписот „ТИТО” во Дечиќ е „срамно за Малесија”, бидејќи „нема дел од Црна Гора што страдал од комунистите како Малесија”.

Дваесет млади членови на ДПС во Тузи, на височина од 600 метри, во саботата ги нареденија буквите од камења, кои го прават зборот Тито.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...