Меј се откажа од планот за итна владина седница за одобрување на договорот за Брегзит

262

Британската премиерка Тереза Меј беше принудена денеска да ја откаже планираната владина седница за одобрување на договорот за Брегзит.

Според владини извори, договорот не може да биде готов до утре, со што се намалува можноста во ноември да се одржи посебен самит на ЕУ за одобрување на договорот.

Меј одлучи да се откаже од седницата откако договорот беше загрозен од отпор во нејзината Влада и во Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...