ВМРО-ДПМНЕ со закон ќе бара зголемување на пензиите

Од партијата најавуваат дека ќе предложат зголемување од 10 отсто.

230

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ најави дека секој месец ќе предлага на разгледување во Собранието по едно законско решение.

Првото законско решене, како што најави денеска портпаролот на партијата, Димче Арсовски, кое ќе го поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за зголемување на пензиите за 10 отсто.

-ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија- рече Арсовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...