„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на дизајнерката Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба.
Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што
хексагонот, што е во основата на формата, низ облагородување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.
Изложба се отвора вечерва во „Eville Soe” галеријата во Софија, Р. Бугарија и ќе трае до деветти декември.