Фановите разочарани, Џастин Бибер и Селена Гомез повторно раскинаа

450
ФОТО: EPA/PAUL BUCK

На големата љубов меѓу Селена Гомез (25) и Џастин Бибер (24) повторно и дојде крајот, пишуваат американските медиуми.

Познатата двојка беше заедно од 2011 година, се забавуваа околу пет години, а во 2016-та се разделија. Селена потоа беше во едногодишна врска со раперот Д Викенд, многумина очекуваа веридба, но во окотмоври 2017 година таа му се врати на Бибер.Тоа беше дочекано со големо воодушевување од фановите.

За повторното раскинување, американските медиуми пренесуваат и изјава од другарка на Селена.

– Имаат несогласувања, но нема да ме изненади ако се смират за една недела – изјавила другарката.

Како една од главните причини за разделба се наведува неодобрувањето на врската на семејството на Селена.

Иако мајката на Селена, Менди Тифи била согласна за нивната врска додека двајцата била „млади и слатки“, бројните проблеми кои Бибер ги предизвика во меѓувреме направиле таа да биде најголем противник на нивното смирување.

Сепак, магазинот „Пипл“, известува дека во раскинувањето Менди нема улога, туку тие имале проблеми па затоа се карале и миреле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...