Американскиот претседател Доналд Трамп во 2017 година бил предмет на вицеви многу повеќе од која било друга јавна личност во една година, покажуваат резулатти на најнова студија на американскиот истражувачки институт.
Тие утврдиле дека името на американскиот претседател се споменува во дури 3.128 вицеви.
Со тоа, е соборен претходниот рекорд од 1.816 вицеви што го држеше Доналд Трамп како претседателски кандидат во 2016 година.
Претходно, јавна личност чие име се појавуваше најмногу во вицеви беше во 1998 година тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, година во која беше аферата со Моника Левински.
Во студијата се анализирани шеги кои лани можеле да се слушнат во монолози во настапи на комичари, а во кои се забележани вкупно 6.337 политички вицеви од кои речиси половината биле за Трамп.