Состојбата на Лазиќ била добра. Се било направено како што треба, што се однесува до операцијата. Сепак, неговото минато било голем проблем. Дарко сериозно кризирал поради дрогата. Премногу се потел и доста се тресел.
Ова го кажал извор за српски „Курир“.
Среќа во несреќа било тоа што пејачот не покажувал знаци на агресивност.
-Доколку во наредните 48 часа не се стабилизира, можно е да биде врзан за кревет или да му се даде лек кој е еден вид на вештачка кома, за да биде мирен – рекол изворот.
Таткото на ѕвездата на Гранд, знаел за проблемите со дрогата на Лазиќ.
Лазиќ на 23 октомври со возило „бмв“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.
ФОТО: Дамир Дервишагиќ, српски „Курир“
Извор: српски „Курир“