Ако не се постигне договор за Брегзит, ЕУ сака царинска контрола во Ирското Море

107

Во случај на непостигнување договор за Брегзит, Европската унија сака да воспостави царински контроли во Ирското Море, меѓу Северна Ирска и остатокот со Велика Британија. Ова го соопшти денеска лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на писмо на премиерката Тереза Меј во кое весникот имал увид.

Според весникот, Меј го напишала тоа до мала северноирска партија од која зависи нејизното мнозинство во Парламентот. Таа наведува дека ЕУ бара резервно решение што би обебзедило во таа британска покраина да се применуваат истите прописи како во Ирска и да се избегне со тоа цврста граница.

Во писмото Меј вели дека никогаш не би се согласила да стапи на сила одвојување на Северна Ирска од Велика Британија.

Тајмс нагласува дека северноирската Демократска унионистичка партија тоа го протолкувала како согласност со британската премиерка таа одредба да се вклучи во правно-обврзувачки договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...