Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во септември, во споредба со август годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 отсто и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,2 отсто, a во секторот „преработувачка индустрија“ се повисоки за 0,3 отсто.
Во септември годинава во споредба со септември лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење на камен“ за 6,1 отсто и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,7 отсто, додека во секторот „преработувачка индустрија“ се повисоки за еден отсто.