Настанот ќе се одржи кон крајот на месецот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Станува збор за уметничко дело изработено од Оно, а засновано на модел на традиционалниот српски кралски брод Шајка.
Мотото на овој настан е „Првиот светски мир“ (#FirstWorldPeace) што ќе значи промоција на „поврзувањето на луѓето и создавање заедници на мирен, позитивен начин, преку музиката и културата“, се наведува во соопштението на организаторот.