Бриселскиот дијалог очигледно е мртов, но „актерите“ не смеат да се тргнат од сцената и играат на картата на „кукупување време“, смета основачот на белградскиот Форум за етнички односи, Душан Јањиќ.
По синоќешната рунда од бриселскиот дијалог, српскиот претседател Александара Вучиќ изјави дека никој од преставниците на Белград нема да се појави во Брисел се додека Приштина „не ги повлече своите противправни одлуки’’ додека пак неговиот косовски колега Хашим Тачи порача дека дијалогот „не може да се води со ултиматуми и со агресивен тон“.
Коментирајќи ја синоќешната средба во Брисел, Јањиќоценува дела високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини се обидува да фингира дека дијалогот постои.
– Десет дена се знаеше дека ќе има средба во Брисел, но за оние помалку упатени, тоа беше состанок од ведро небо. Дијалогот е мртов, а актерите не смеат да ја напуштат сцената, бидејќи се обврзаа, а исто така и напорно работеа дијалогот да умре. Гледаме дека и двете страни играат на купување на време, за статус кво и за надвор од каналот кој се вика Брисел, да договорат некое фамозно историско решение – нагласи Јањиќ, кој важи за еден од најреномираните српски аналитичари.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, во изјава за телевизијата Н1, Јањиќ оценува дека Косово повеќе не е тема во Србија, туку дека тема се политичките избори и „големата приватизација која доаѓа следната година“.
– Заминуваат електростопанството, телекомуникациските системи, тоа е огромен бизнис и очигледно е дека целиот фокус на актуелните економски и политички владетели, и на домашните и на странските, е како подобро да се позиционираат за големата распродажба што не чека – вели Јањиќ.
Тој додаде дека Могерини се дискредитирала, бидејќи во март говорела дека дијалогот нема да продолжи се додека не се донесе статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО).
– Одеднаш, нема статути и сега се појавија четири црвени линии – истакна Јањиќ, констатирајќи дека Могерини не реагирала како што треба, започнувајќи ги разговорите во новиот формат.
Според него, во моментов и двете страни во дијалогот не излегуваат од нивната „феноменална приказна за размена на територии“ и ги чекаат изборите за Европскиот парламент, со надеж дека нешто ќе се промени.
– Сите трендови велат дека промените доаѓаат, но не во полза на есктремната десницата, како што мислат некои. Во Германија, екстремната десницата не напредува, напредуваат левицата и Зелените – вели Јањиќ.
Тој констатира дека и двете страни ќе се вратат во Брисел кога ќе поминат европските и изборите во Србија, бидејќи одговорноста е голема, а Вучиќ ќе треба да го смени тимот.
– Тој мора да води проактивна политика, а не да се занимава со скандали и безбедносни провокации. Тргнете се од ѕвецкањето со оружјето што го немате и фатетете се за дипломатијата и политиката – истакна Јањиќ, коментирајќи го вчерашниот состанок во Брисел меѓу Вучиќ и Тачи.
ФОТО: МИА