ОБНОВЕНО Една жртва во терористичкиот напад во Мелбурн (ВИДЕО)

95

Австралиската полиција смета дека нападот со нож во Мелбурн е терористички инцидент, изјави полицискиот комесар на државата Викторија, Грахам Ештон.

Напаѓачот, кого полицијата го застрела откако прободе три лица, од кои едното почина на лице место, им подлегнал на повредите во болница.

Инцидентот во Мелбурн почна откако полицијата била повикана поради запалено возило во улицата Берк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...