Некогашната музичка ѕвезда неодамна ги изненади фановите кога ја смени верата, а своето име го промени во Шухада Давит.
Ирската пејачка од корен го изменила својот живот, па морала и да го искаже своето мислење во јавноста.
-Многу ми е жал. Она што ќе го кажам е навистина расистичко, никогаш не сум ни помислила дека мојата душа може да го чувствува тоа. Но, веќе никогаш не сакам да поминувам време со белци (ако е тоа назив за оние кои не се муслимани). Ни на секунда, ни за било која причина. Одвратни се! – стоело на нејзиниот Твитер.
Нејзините фанови биле огорчени поради тоа, па пишувале како ги разочарала.
Минатата година таа им се обратила на фановите преку снимка на Фејсбук и плачела раскажувајќи дека има суицидни мисли.
Во минатото, таа зборувала и за тоа како нема никој, иако родила четири деца.
ФОТО: Профимедиа
Извор: српски „Курир“.