Американската ѕвезда Деми Мур наводно веќе некое време е во љубовна врска со младата стилистка од Белград, Маша Манџука.
Мур неколку пати била видена во друштво на Манџука, а „Радар Онлајн“ пренел дека двете заедно се грижат за ќерката на Србинката.
Тие биле во врска две години и успешно се криеле од јавноста.
Мур во своето возило наводно ставила седиште за двегодишната ќерка на Манџука, а заедно го поминале и Божиќ во друштво на ќерките Румер, Талула и Скот како и поранешниот сопруг на актерката, Брус Вилис.
Српските медиуми претходната година пишувале за тоа дека двете дами го посетиле Белград и добро се забавувале на еден од сплавовите.
-Во саботата свиревме за Деми Мур. Дојде во поголемо друштво, во кое беше и нејзината пријателка Маша. Беа одлично расположени и останаа цела ноќ. Ние свиревме, а тие играа цела вечер – рекол Тома Пантерс, член на групата Блек Пантерс.
ФОТО: Профимедиа
Извор: српски „Курир“