„Севилскиот бербер“ во МОБ

192

Во салонот на Македонската опера и балет денеска ќе биде изведена популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, комична приказна за победата на младоста и љубовта, во два чина.

Авторската екипа е составена од диригентот Иван Еминовиќ, режисер е Урсула Хорнер (Австрија), асистент-режисер е Љупка Јакимовска, сценографката Марија Ветероска, костимографката Марија Пупучевска, светло дизајн – Васко Лисичов, концерт мајстор е Верица Ламбевска, а асистент хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски и Камениот човек: Борко Биџовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...