Во Боцвана се удавија 400 биволи, кои бегале од лавови

177

Стотици биволи се удавија во река на границата меѓу Боцвана и Намибија, кои бегале од лавови, соопштија локалните власти.

Локален жител за Би-Би-Си изјави дека биволите наишле на пречка, бидејќи дел од речниот насип бил превисок за да излезат. Тој вели дека никогаш не чул да се удави толкаво стадо биволи. Властите во Боцвана проценија дека се удавиле околу 400 биволи.

Симон Мичелети, сопственик на имот на намибиската страна на реката, изјави дека стадото било невообичаено големо – околу 1000 биволи.

Повеќето удавени биволи биле извлечени од реката од страна на локалните жители, кои го користат месото за прехрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...