Холандски пензионер бара законски да му се „одземат“ 20 години

156

Холандски пензионер чувствува дека е во одлична психофизичка кондиција и смета дека е дискриминиран на пазарот на труд и во љубовта, поради  што побара по судски пат да му се „отпишат“ 20 години и  да биде сметан дека има 49 наместо 69 години.

– Се чувствувам млад, силен и мускулест и барам тоа законски да ми се признае, бидејќи се чувствувам понижен – изјави пред Судот Емил Рателбенд.

Тој образложи дека е личен тренер „специјализиран за развој на самосвет“, а себе се нарекува „млад Бог“.

Пред Судот тој изјави дека неговото барање е еднакво легитимно како и барањата на лицата кои сакаат во докуметите да им пишува „трет пол“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...