Израелски уметник постави скулптура од министерката за култура, подбивајќи се со неа

607

Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави скулптура од министерката за култура Мири Регов, подбивајќи се со неа.

Тој ја прикажа министерката во бел фустан во природна големина, како гледа во огледало.

Поставување на статуата доаѓа во момент кога Регов се обидува да „протурка“ закон, барајќи лојалност во културата. Уметниците ја нападнаа за обид за цензура на уметничкото изразување.

Градското Собрание на Тел Авив соопшти дека го почитува протестот, но нареди скулптурата да се отстрани, бидејќи е поставена без дозвола.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...