Најмалку седум лица се повредени при судир на танкер и фрегата во близина на западниот брег на Норвешка.
Судирот не предизвика истекување на нафта.
По инцидентот евакуиран е екипажот од 137 луѓе од фрегатата „КНМ Хелга Ингстад“, која почнала да пропушта вода.
Сега фрегатата е на копно и поставени се потпорни столбови, соопшти локалната полиција.
За време на инцидентот танкерот пловел кон терминалот Стурме. Танкерот не е оштетен при судирот.
ФОТО: МИА