Извинување на премиерот на Канада поради одбивањето на бродот со Евреи

188

Канадскиот премиер Џастин Трудо формално се извини во име на својата земја поради тоа што во 1939 година одби да прими брод со Евреи кои побегнаа од нацистичка Германија.

Бродот „Сент Луис“ превезуваше 907 германски Евреи, но Канада, Куба и САД не им дозволија влез во нивните пристаништа.

Патниците беа принудени да се вратат во Европа, а над 250 од нив подоцна беа убиени во Холокаустот.

Трудо изјави дека извинувањето требало да биде многу порано.

Хитлер набљудуваше додека ние им ги одбивавме визите, ги игнориравме нивните писма и им ускратувавме прием, истакна Трудо во Парламентот.
Тој додаде дека нема сомнеж оти „нашиот молк им овозможи на нацистите да го остварат своето ’конечно решение’ на така наречениот еврејски проблем“.

– Ние дозволивме антисемитизмот да земе замав во нашите заединици и да стане наша официјална политика. Таквата омраза и рамнодушност кон бегалците значеше да се подели моралната одговорност за нивната смрт – посочи Трудо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...