Мајкл Даглас доби ѕвезда на холивудската Патеката на славните

116
MIA
Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните и тоа до онаа на неговиот легендарен татко Кирк.

Даглас (74) е најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ (1987), за која доби и  „Оскар“, а играше и во околу 60 други филмови. На свеченоста тој се појави во  придружба на неговиот 101-годишен татко, сопругата Кетрин Зета Џонес и колешката од „Кинески синдром“, Џејн Фонда.

– Имав среќа да бидам дел и од класичниот и од современиот Холивуд – изјави Мајкл на настанот.

Тој е и продуцент-оскаровец, а статуетката ја доби за филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ во 1975 година.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...