Јужнокорејската група ЕХО го објави видео записот за песната „Темпо“. Таа е дел од новиот албум на групата, кој излезе на 2 ноември.
Во спотот го има и членот на групата од Кина, Леј, за кого фанови се прашуваа дали ја напуштил групата или се уште е дел од неа.
Групата на почетокот имаше 12 членови, а сега има девет. На момчињата им се доделувани титули како „кралеви на корејскиот поп“ и слично.
Корејскиот поп е се повеќе актуелен во Америка, а се чини дека полека навлегува и во Европа.