Иран презел мерки за да продолжи да тргува и по обновувањето на американските санкции

62

Иран ги презеде неопходните мерки во банкарскиот сектор за да продолжи да тргува со своите партнери, и откако САД ги обновија санкциите против енергетскиот и финансискиот сектор на Техеран, соопшти гувернерот на иранската Централна банка Абдолнасер Хемати.

– Преговарам со нашите трговски партнери и преземени се сите неопходни чекори за дa продолжи трговијата со Иран – рече Хемати.

Тој додаде дека Техеран ги очекувал санкциите и имало подготвени планови за борба против нив.

– Ја земавме предвид веројатноста да биде спречен пристапот на банките до системот за плаќање СВИФТ (SWIFT) и смисливме алтернативи за неговата замена – рече Хемати.

Системот СВИФТ вчера соопшти дека го прекинал пристапот до услугата за некои ирански банки поради стабилноста и интегритетот на глобалниот финансиски систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...