Министерството за култура од 10 до 20 декември 2018 година ќе ја организира манифестацијата „Млади Европејци“ за да се промовираат европските културни вредности, односно преку млади таленти, тие да се дисперзираат во локалните средини, за да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда.
Целта е да се поттикне и активира независната културна сцена и да се создадат еднакви можности за сите, поради што право на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата. На овој начин, наведува Министерството за култура, ќе се обезбеди „култура до сите и за сите, и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони“.
Конкурсот трае од 5 ноември до 4 декември, а за проектите ќе одлучува конкурсна комисија. Предност имаат мали мобилни проекти, кои како активност се планирани за неколку регионални локални средини.
Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за конкурсот во Буџетот на Република Македонија за 2018 година и бодирањето на стручната комисија од областа.
Конкурсот и пријавата е достапен на линк на веб-страницата на Министерството за култура: http:// http://kultura.gov.mk/index.