Принцот Вилијам: По училиште и за распуст собиравме ѓубре

333

Британскиот престолонаследник принцот Чарлс, за време на училишниот распуст во Норфолк ги учел своите синови да собираат отпад, откри неговиот син Вилијам.

– Одевме таму со стапови и собиравме ѓубре во пластични ќеси. Си мислевме, па добро, ова е сосема нормално, сигурно сите го прават тоа – рекол војводата од Кембриџ во разговор за Би-би-си по повод 70-тиот роденден на татко си.

Од Би-би-си имале ексклузивен пристап до принцот Чарлс изминатите 12 месеци, снимајќи го филмот „Принц, син и наследник: Чарлс на 70“. Филмот ќе биде прикажан на 8 ноември. Во документарецот, Вилијам заедно со својот помал брат Хари, го коментираат говорот на Чарлс од 1970 година, во кој тој предупредува на опасноста од пластичен отпад и како тој кај нив ја поттикнувал еколошката свест.

– Понекогаш по училиште ќе застанев за да соберам ѓубре. Го правев тоа затоа што буквално сум програмиран да го правам тоа, затоа што тоа го прави и мојот татко и сите би требало да правиме така – објаснил принцот Хари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...