Предмети на Нил Армстронг продадени за 7,4 милиони долари

139

Личните предмети на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек што беше на Месечината, се продадени на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари, јави МИА.

Аукциската куќа „Херитиџ“ во Далас соопшти дека по највисока цена, од 468.000 долари, е продадена неговата идентификациска значка со лунарен модул Аполо 11.

Дел од пропелерот и дел од крилото на авионот на браќата Рајт се продадени по 275.000 долари. Првиот костум на Армстронг за летање, кој го носел во мисијата во 1966 година, е продаден за 109.375 долари.

Освен тоа, на посебна аукција е продадена златната авијатичарска кацига на Џон Глен, првиот Американец што ја прелета Земјата, за 46.250 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...