Гас Хат решил да го смени местото за ловење риба во кампот Матата Бич во Нов Зеланд и се вратил со уловот на неговиот живот – од океанот извлекол живо и здраво 18-месечно бебе.
Хат раскажува дека откако се префрлил стотина метри налево од своето вообичаено место за рибарење, во водата здогледал нешто што му личело на кукла.
– Пловеше мирно по површината. Да дојдев минута подоцна, немаше да го видам. Лицето му беше како порцелан, а косата влажна. Мислев дека е кукла дури и кога го фатив за раката за да го извлечам. Тогаш викна и веднаш помислив: „О, Господе, ова е бебе и тоа живо – раскажа Хат.
Чудото се случило утрото на 26 октомври. Службите за безбедност откриле дека бебето било со родителите на првиот одмор на море – се заиграло на плажата и водата го одвлекла.
– Не му било пишано да умре. Не му беше денот – вели Хат.