Потребни се итни реформи во легислативата кои би го нормализирале прометот (јавна тајна е дека УЈП нема надлежност на целата територија на земјава, а дел од нивниот персонал нема ниту знаење ниту квалификации), велат од ГДУ.
– Јавноста нема доверба во институциите на системот и има низок степен на задоволство од услугите кои ги дава самата држава- инфраструктура, јавно здравство, други јавни услуги, ефикасна судска власт и.т.н. Државата, со истите средства прибрани од даночните обврзници, истовремено ќе доделува средства за развој на мали и средни претпријатија и ќе троши пари за намалување на социјалните разлики?Конечно, Владата ниту во еден момент не размислува да го стави под сомнеж трошењето на средствата на нејзините институции, агенции и сл. Туку и ќе ги помогне локалните самоуправи кои поради лошо управување се во долгови- досега затворија едно основно училиште заради заштеда, велат од ГДУ.