Д-р Сандра Ли, попозната како д-р Пимпл Попер, е Јутјуб ѕвезда која својата „популарност“ ја стекна со стручниот третман на своите клиенти со мозолчиња.
Како што самата вели, нејзина цел не е да привлече гледаност прикажувајќи одвратни работи, туку да им покаже на своите следачи како правилно да го исчистат лицето од овие непријатни израстоци.
– Кога ќе го одредите видот на мозолчето, измијте ги рацете и лицето со средство за лице и топла вода. На лицето ставете крпа натопена во топла вода, за порите да се отворат. Притоа гнојниците може и сами да пукнат. Доколку пак, мозолчето е „тврдоглаво“, најсоодветен начин за истиснување е оној со комедонска екстракција, со посебна пинцета со округла глава. Ако притоа се појави крв, престанете со стискање – објаснува докторката.
Според неа, постојат три вида мозолчиња… Митесерите се затнати пори кои може и сами да ги истиснеме без да остават траги на кожата, како и гнојниците – црвени израстоци со бел врв. Но, цистите треба да ги отстрани само стручно лице. А за нив постојат и лекови што се купуваат на рецепт.