Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервјуа за американските телевизии Фокс њуз и Си-Би-Ес њуз ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп за враќање на санкциите кон Иран, кои денеска стапуваат во сила.
Во интервју за Фокс њуз Помпео одлуката на Белата куќа мораше да ја брани од критики на некои конзервативци кои тврдат дека дека санкциите на Трамп „не се доволни за да ја осакатат иранската економија“.
– Санкциите кои денеска ќе бидат повторно воведени се најтешките санкции некогаш воведени кон Исламската Република Иран. Нивната цел е само една – на најголемиот светски спонзор на теророт да му се ускрати способноста да прави работи како оние што ги правеше во последните неколку години – рече Помпео не прецизирајќи на што конкретно мисли.
Си-Би-Ес њуз потсетува дека санкциите кон Иран беа укинати во 2015 година, во согласност со меѓународниот нуклеарен договор со земјата, а Трамп во мај годинава одлучи да ги повлече САД од тој договор.
Во интервју за Си-Би-Ес њуз Помпео рече дека „европските земји „веќе бегаат од Иран“.
– Многу европските компании избегаа од Иран. Стотици бизниси го напуштија Иран. Цел свет сфаќа дека овие санкции се вистински, дека се важни, дека ја поттикнуваат шансата на иранскиот народ да направи промени во Иран кои толку очајнички ги сака и да го запре Иран богатството и парите да ги користи за поттикнување тероризам ширум светот – истакна Помпео.
ФОТО: EPE Olivier Douliery