Словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак изјави денеска дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата по политичките тензии предизвикани од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак.
Владата на премиерот Роберт Фицо е под притисок по протестите во земјата поради недостигот од напредок во истрагата за смртта на Куцијак и неговата свршеница во февруари, како и наводите за постојана корупција. Куцијак истражувал случаи на измама во кои биле инволвирани бизнисмени поврзани со политичари и организиран криминал.
Фото: EPA/JAKUB GAVLAK