Невремето ја деформираше најубавата плажа во Хрватска

617

По силните ветришта кои ја зафатија Далмација и ги прекинаа сообраќајните врски со островите, познатата хрватска плажа „Златни рат“ на јужниот брег на островот Брач повторно го смени својот изглед, пренесува „Јутарњи.хр“.

Силниот ветер и активноста на морските струи го свртеле врвот на „Златни Рат“ кон запад, а плажата таквиот изглед ќе го задржи сѐ додека струјата и ветерот повторно не го „израмнат“ или ветерот што се спушта од планините не го сврти кон градот Бол.

Весникот пренесува информации од локалниот сајт „Бол.инфо“, кој пишува дека, како што се случувало и порано, на врвот од островот би можело се формира свиок со езерце во средината, „во кое влегуваат храбри пливачи кои со својот чин само ја интензивираат природната сензација“.

Хрватскиот весник наведува дека „Златни рат“ е заштитен природен пејзаж и посебен геоморфолошки феномен односно дека неговите песочни страни се долги околу 400 метри, а во средината се наоѓа густа борова шума.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...